• Креирање на зајакнувачки блокови за здравствено и инклузивно општество на младите Роми во Република Македонија

    Проектот „Креирање на зајакнувачки блокови за здравствено и инклузивно општество на младите Роми во Република Македонија” е наменет за адолесценти од ромска националност, но без да се исклучат и други маргинализирани млади луѓе кои се заинтересирани за активностите во овој проект, како и млади луѓе кои припаѓаат на други етнички групи во Република Македонија.

    Преку едукативни работилници стремежот е да се постигнат следниве цели:

    1. Информирање и поттикнување на тинејџерите да одлучуваат безбедно во врска со растењето/созревањето и репродуктивното и сексуално здравје ;

    2. Развивање на капацитетот кај младите Роми за процесот на непречена транзиција од адолесценцијата до полнолетство;

    3. Овозможување на адолесцентите да развијат вештини во животот како што се емпатија, самосвест, меѓучовечки односи, ефикасна комуникација, критичко и креативно размислување, решавање на проблеми, донесување одлуки, справување со стрес;

    4. Олеснување на процесот на созревање кај адолесцентите, сè со цел тие да прераснат во здрави и сигурни возрасни луѓе;

    5. Создавање и подигнување на свеста за ХИВ/СИДА и сексуално преносливи болести и други репродуктивнo – здравствени компликации и промовирање безбедно сексуално однесување меѓу младите;

    6. Овозможување безусловно позитивен однос на адолесцентите и создавање на простор во кој тие можат да ги изразат своите мисли и чувства.

    Проектот е поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Македонија.