• 09.06.2016 ZIP is starting with the implementation of a new project

    Кој вработува, општината или партијата?

    Времетраење: 15 месеци

    Цел: Примарната цел за иницирање на ваков проект е да дадеме придонес во идентификување на конкретни примери на нефер и нетранспарентни процеси на вработување на локално ниво, како и детално проучување на овој феномен.

    Целна група: Единиците на локалната самоуправа, Агенцијата за администрација, МИОА, граѓаните на РМ

    Главни резултати: 

    • идентификување на главните проблеми при процедурите за вработување во ЕЛС
    •  идентификување на типови на корупција кои се среќаваат во овие процедури
    • идентификување и анализирање на причините за коруптивни активности
    • анализирање на трендовите во коруптивни активности, т.е. дали има подобрување или влошување со примената на нефер практики во вработувањата
    •  утврдување на разлики-сличности помеѓу доминантно албанско/македонски општини и општини со владејачка или партија во опозиција според централната власт, во примената на нефер практики при вработувањата
    • анализирање и лоцирање на потенцијал за спречување на корупција

    Главни активности: 

    • Промо настан на проектот
    • Деск истражување (документи, закони, претходни истражувања, прирачници кои се однесуваат на корупција генерално, и корупција на локално ниво, со особен фокус на корупција при вработување. Исто така, истражување на релевантни документи во врска со процесите на вработување во администрација на избраните општини)
    • Барање на податоци од општините од интерес за ова истражување за огласи за вработување во последните 7 години целта е да се добие увид за процесите на вработување во последните три мандати
    • Испраќање на барања за пристап до информации од слободен карактер за потребните огласи за вработувања во јавна администрација, и известувања за вработувања и други потребни документи кои не се достапни јавно
    • Информативни интервјуа со експерти од областа
    • Изработка на прашалникот за полу-структуираните интервјуа (topic guide)
    • Интервјуа со вработени и поранешни вработени во јавна администрација, членови на совет на општина
    • Организирање на четири фокус групи во различни плански региони со граѓани кои конкурирале за работа во општинска администрација, вработени во општината во одделенијата за човечки ресурси и други вработени во општинските администрации.
    • Анализа на податоци добиени преку деск истражувањето и интервјуата и фокус групите.
    • Изработка на прв драфт на документ за јавни политики
    • Ревизија на прв драфт на документ за јавни политки
    • Изработка на втор драфт на документ за јавни политки
    • Консултација и читање на драфтот со дел од интервјуираните и експерти
    • Изработка на финална верзија на документот за јавни политки
    • Доставување на документ за јавни политки до ЕПИ
    • Дисеминација на резултати: организирање на настан за промоција на студијата со присуство на што поголем број на засегнати страни и со задолжително медиумско покривање на истиот.

    Спроведувањето на Проектот е дел од шемата за регрантирање на граѓански организации, во рамките на Проектот „Мрежа 23+“ ИПА 2015/372-126, финансиран од Европската Унија. Проектот „Мрежа 23+“ го спроведуваат ЕПИ, како носител на проектот, во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

    mreza_23EpiENG10565219_676404325777829_4796056548671173172_n