• 15.11.2017 CALL FOR EXPERTS – FIGHT AGAINST CORRUPTION

    ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ЕКСПЕРТИ – ОБУЧУВАЧИ

     

    За потребите на проектот Млади Амбасадори за Општество без Корупција, имплементиран од страна на ЗИП Институт а финансиран од страна на Германската Амбасада во Република Македонија, ЗИП Институт објавува ПОВИК за набавка на услуги – ангажирање на 2 (два) тематски ЕКСПЕРТИ-ОБУЧУВАЧИ за одржување на обуки за борба против корупција на локално ниво, за одржување на 1 (една) обука на албански јазик – еден обучувач и 3 (три) обуки на македонски јазик – еден обучувач.

    1. Цел на задачата:

    Конкретната цел на задачата е да се ангажира тематски експерт кој што ќе одржи обука на тема борба против корупција на локално ниво.

    Обуката е наменета за млади, од 16 до 25 години, и би требало да содржи активности поврзани со концептот на корупција, правната рамка, институциите на локална власт, борбата против корупција на локално ниво, политики и тематско дејствување, како и начини за борба против корупција.

    1. Фази на спроведување:

    Ќе се спроведат 4 обуки, во 4 општини во град Скопје.

    • Општина Сарај – обука на албански јазик (декември 2017)
    • Општина Шуто Оризари – обука на македонски јазик (декември 2017)
    • Општина Гази Баба – обука на македонски јазик (јануари 2018)
    • Општина Бутел – обука на македонски јазик (јануари 2018)

    ЗИП Институт ќе го извести експертот – обучувач за точниот датум и време на спроведување на обуките. ЗИП Институт го задржува правото за измена на временската рамка во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамката на овој проект.

    1. ЗИП Институт, во согласност со одредбите од договорот со донаторот на проектот, спроведува органичен повик, со прибирање на најмалку 3 (три) понуди.
    1. Квалификации:

    Експертот – обучувач, би требало да ги има овие квалификации:

    • Минимум 3 години работно искуство во јавна администрација, локални институции, невладина организација со фокус на работа поврзана со процесите во локалната самоуправа, или пак во академска установа – факултет или универзитет, на теми поврзани со јавната администрација и правото.
    • Образовен профил: додипломски и/или постдипломски студии по политички науки, право, администрација и слични образовни профили.
    • Минимум 2 години искуство во спроведување на обуки, тренинзи, работилници, презентации и слични настани на теми поврзани со борбата против корупција како и локалната самоуправа.
    • Течно говорње на (1) албански – за експертот кој што ќе спроведе обука на албански јазик, односно (2) македонски јазик – за експертот кој што ќе спроведе обука на македонски јазик. Познавање на двата јазика, како и англискиот и ромскиот јазик ќе се сметаат за предност.
    1. Понуда:

    За оваа цел, Ве молиме да ни доставите понуда, референцирајќи го овој повик од 15 ноември 2017, заклучно со 1 декември 2017 год. 16:30 часот. Понудата треба да содржи:

    • CV – кратка биографија,
    • Предлог методологија за работа, и
    • Финансиска понуда – нацрт буџет.

    Истата треба да се достави по електронски пат, до г-ѓа Назлије Исени Куртиши на nazlije@zipinstitute.mk со назнака ПОНУДА ЗА ЕКСПЕРТ – ОБУЧУВАЧ.

    1. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои што не ги содржат сите горе-наведени документи, нема да бидат земени в предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда. Сите дополнителни појаснувања можат да се добијат на писмено, по електронски пат, контактирајќи ги г-ѓица Јована Перовска на jovana@zipinstitute.mk и/или -ѓа Назлије Исени Куртиши на nazlije@zipinstitute.mk.

    Download ToR – ZIP Institut